ПОРАЗ ШТО БОЛИ, НО НОСИ НАДЕЖ – Македонија уште е во игра за ЕП
Словенија веќе обезбеди настап на континенталниот шампионат, Македонија останува во трка преку третото место.

Женската ракометна репрезентација на Македонија останува во игра за пласман на Европското првенство 2026, и покрај поразот од Германија во Скопје со 27:35.
Словенија со убедливата победа над Белгија од 36:14 веќе обезбеди настап на континенталниот шампионат, па сега е јасно дека Германија ќе заврши прва во групата 3 со 10 бодови, додека Словенија е втора со 6. Македонија и Белгија имаат по 2 бода.
Иако шансите се намалени, Македонија сè уште може да се избори за пласман преку листата на најдобро третопласирани селекции во квалификациите.
Следниот важен натпревар е на 12 април во Велење, каде избраничките на селекторот Кристијан Грчевски ќе играат против Словенија од 18:00 часот. Победа би можела да ја донесе Македонија на третото место во групата и да ја задржи во трката за едно од местата што водат на ЕП.
За пласман, ќе биде важно и гол-разликата, бидејќи само четири најдобри третопласирани репрезентации ќе обезбедат учество на Европското првенство.
Репрезентативката Ивана Гакидова истакна дека екипата мора да оди на секоја топка со максимална борбеност и концентрација, нагласувајќи дека тимскиот дух и агресивната игра се клучни за позитивен резултат.
