ВЕЛИГДЕНСКО ЧУДО ИЛИ ПОЛИТИЧКА ИГРА – Путин нареди пауза во војната за Велигден
Рускиот претседател Владимир Путин најави привремено велигденско примирје во војната во Украина.

Фото: Принтскрин
Со одлука на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, е најавено привремено примирје по повод Велигден, кое ќе трае од 16:00 часот на 11 април до крајот на 12 април 2026 година.
Одлуката, соопштена преку Кремљ, е донесена како гест поврзан со православниот празник Велигден и како пауза во воените дејствија во Украина.
Москва изразува очекување дека и украинската страна ќе го прифати и почитува ова привремено велигденско примирје.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест
