СЛИКИ ОД КОИ БОЛИ ГЛАВА – Повеќе од 16.000 излегле преку Табановце и Богородица

Празничниот продолжен викенд донесе огромни гужви на граничните премини

СЛИКИ ОД КОИ БОЛИ ГЛАВА – Повеќе од 16.000 излегле преку Табановце и Богородица
Фото: Принтскрин

Празничниот продолжен викенд предизвика зголемен сообраќај на граничните премини во земјава, откако голем број граѓани ги искористија слободните денови и сончевото време за патување кон Грција.

Според податоците од МВР, во изминатите 24 часа преку граничниот премин Граничен премин Богородица излегле 6.864 македонски државјани. Во истиот период, 1.394 лица влегле во земјата. Од странските државјани, 4.753 влегле, а 5.070 ја напуштиле државата.

Најголем метеж е забележан на Граничен премин Табановце, каде што 9.150 македонски државјани излегле од државата во последните 24 часа. Влегле 3.158 лица, додека кај странските државјани биле регистрирани 7.360 влезови и 5.449 излегувања.

На Граничен премин Дојран, во истиот период 241 македонски државјанин влегол, а 546 излегле од земјата. Кај странските државјани се евидентирани 1.212 влезови и 1.114 излегувања.

На Граничен премин Меџитлија, 129 македонски државјани влегле, а 832 излегле од државата, додека странските државјани оствариле 3.347 влезови и 3.038 излегувања.

Од МВР потсетуваат дека со денешниот почеток на целосната примена на новиот систем за влез во Европската унија, се воведува дигитална евиденција на патниците од трети земји. Системот ќе собира биометриски податоци како отпечатоци од прсти и фотографија, со цел поефикасна контрола на дозволениот престој според правилото „90 дена во период од 180 дена“.

Властите наведуваат дека се преземени сите мерки за непречен проток на патници, со ангажирање на дополнителни ресурси на граничните премини.

CATEGORIES
Share This