НАТО, УКРАИНА И ГАСОТ – Македонија и САД открија планови од Стратешкиот дијалог

Силно партнерство со САД и како новиот дијалог ја зацврстува улогата на Македонија во НАТО.

НАТО, УКРАИНА И ГАСОТ – Македонија и САД открија планови од Стратешкиот дијалог
Фото: Принтскрин

Владите на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави ја објавија Заедничката изјава по втората сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон. Сесијата ја предводеа министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау.

Во изјавата се потврдува заедничката определба за продлабочување на стратешкото партнерство и за унапредување на мирот, безбедноста и економскиот просперитет.

Посебен акцент се става на зајакната соработка во следните области:

Енергетика и економија – диверзификација на енергетските извори и зголемување на сигурноста на снабдувањето со природен гас, подобрување на инвестициската клима и трговските односи.

Одбрана и безбедност – јакнење на одбранбените капацитети во рамки на НАТО и поддршка за Украина.

Сајбер и дигитална отпорност – техничка помош, проценка на критичната инфраструктура и јакнење на институционалните капацитети.

Во делот на безбедноста, се истакнува и зајакнување на соработката во справување со транснационален криминал и нелегална миграција и поддршка за граничната безбедност со финансиска и техничка помош.

Исто така, беа договорени иницијативи за заштита на културното наследство и подобрување на мобилноста на граѓаните преку програми за доверливи патници.

Стратешкиот дијалог претставува значаен чекор за зацврстување на трансатлантските врски и ја потврдува улогата на Северна Македонија како кредибилен сојузник на САД.

За целосната Заедничка изјава, посетете ја веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија:
https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/strateski-dokumenti-file-u36C.pdf

CATEGORIES
Share This