ОРМУТСКИ ТЕСНЕЦ – Морето оживеа, бродовите со нафта тргнаа

Преминот низ Ормускиот теснец беше ограничен поради конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, а стотици бродови чекаа на ред.

ОРМУТСКИ ТЕСНЕЦ – Морето оживеа, бродовите со нафта тргнаа

Два брода први поминаа низ Ормускиот теснец откако Иран повторно го отвори овој стратешки воден пат како дел од договорот за прекин на огнот, објави денес организацијата MarineTraffic, која следи движење и локација на бродовите во светските пристаништа.

Според информациите, првите бродови кои го преминаа теснецот беа под грчко и либериско знаме.

„Грчкиот товарен брод Nj Earth помина низ теснецот во 08:44 UTC, додека бродот Daytona Beach, кој пловеше под либериско знаме, го помина во 06:59 UTC, откако го напушти пристаништето Бандар Абас во 05:28 UTC“, се наведува во објавата.

Преминот низ Ормускиот теснец претходно беше ограничен поради конфликтот меѓу САД и Израел со Иран. Според податоците на Bloomberg, околу 800 бродови сè уште чекаа на премин.

CATEGORIES
TAGS
Share This