ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ТВРДИ – Прекинот на огнот е плод на крвта на нашиот велик водач Хамнеи

Пезешкијан вели дека од денес па натаму, Иран ќе стои заедно во дипломатијата, одбраната и јавните служби.

ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ТВРДИ – Прекинот на огнот е плод на крвта на нашиот велик водач Хамнеи
Фото: Принтскрин

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес истакна дека постигнувањето на прекинот на огнот е резултат на жртвата на покојниот ајатолах Али Хамнеи.

„Прекинот на огнот, кој ги следи принципите што Иран ги застапува, е плод на крвта на нашиот голем маченички водач Хамнеи и ја обезбедува присутноста на сите луѓе на теренот. Од денес па натаму, ќе стоиме заедно и без разлика дали тоа е во дипломатијата, одбраната, на улиците или во обезбедувањето услуги“, порача Пезешкијан на X.

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, беше убиен на првиот ден од нападот на американските и израелските сили на 28 февруари, а неговиот син, Моџтаба, го наследи на функцијата.

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, потврди дека Иран, САД и нивните сојузници се согласиле на моментален прекин на огнот, кој важи за сите конфликтни зони.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека по разговорите со пакистанското раководство, се согласил на двонеделен прекин на огнот со Иран. Кратко по неговата изјава, иранските власти потврдија дека договорот вклучува „продолжена иранска контрола врз Ормутскиот теснец“.

CATEGORIES
Share This