ПЕТ КОЛА ДО ОДЛУКА – Ова се тимовите кои ќе се борат за титулата
Еднокружен систем, емоции до последната секунда, натпреварите ќе бидат жестоки.

По завршувањето на регуларниот дел од сезоната, познат е распоредот за првата фаза од плеј-офот со формат од 6 тимови кои ќе се борат за првите 4 места кои носат пласман во полуфиналето. Одигрувањето е според еднокружен систем „секој со секого“ во пет кола. Лидер по регуларниот дел е ТФТ (41 бода) додека втро беше тимот на МЗТ Скопје (40 бода).
Ќе се игра според следниот распоред. Во првото коло играат ТФТ – Тиквеш, МЗТ Скопје – Кожув и Пелистер – Маџари. Во второто коло ТФТ – МЗТ Скопје, Кожув – Пелистер и Тиквеш – Маџари. Трето коло МЗТ Скопје – Тиквеш, Пелистер – ТФТ и Маџари – Кожув. Четврто коло Тиквеш – Кожув, ТФТ – Маџари и МЗТ Скопје – Пелистер. Петто коло Пелистер -Тиквеш, Маџари – МЗТ Скопје и Кожув – ТФТ.
Во регуларниот дел табелата е следна:
| Позиција | Тим | П | В | П | Поени | Резултат |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ТФТ | 22 | 19 | 3 | 41 | 1817:1571 |
| 2 | МЗТ Скопје А. | 22 | 19 | 3 | 40 | 1735:1534 |
| 3 | Пелистер | 22 | 14 | 8 | 36 | 2002:1807 |
| 4 | Маџари | 22 | 12 | 10 | 34 | 1752:1731 |
| 5 | Кожув | 22 | 12 | 10 | 34 | 1834:1793 |
| 6 | Тиквеш ГИ | 22 | 11 | 11 | 33 | 1735:1728 |
