УТРЕ ПЛАНИРАЈТЕ НА ВРЕМЕ – Центарот ќе биде блокиран, еве каде не треба да одите

Маршот ќе се движи преку Камени мост до Министерството за правда

УТРЕ ПЛАНИРАЈТЕ НА ВРЕМЕ – Центарот ќе биде блокиран, еве каде не треба да одите
Фото: Принтскрин

Утре, 6 април 2026 година (понеделник), со почеток во 12:30 часот, група граѓани ќе одржи протестен марш во Скопје како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во правосудниот испит.

Маршот ќе започне од плоштадот „Карпошово востание“, ќе се движи по улицата „11-ти Март“, преку Камениот мост, ќе продолжи по улицата „Никола Вапцаров“, а ќе заврши на улицата „Димитрие Чуповски“, пред Министерството за правда.

Поради одржувањето на маршот, сообраќајот во централното градско подрачје ќе биде пренасочен по околните улици.

Од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воведување посебен режим на сообраќај.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници.

CATEGORIES
Share This