ИСТОРИСКИ МОМЕНТ – Лешочкиот манастир добива нов лик до крајот на јуни

Финалните градежни активности се во тек, а духовниот комплекс ќе блесне во ново руво.

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ – Лешочкиот манастир добива нов лик до крајот на јуни
Фото: Принтскрин

Министерот Зоран Љутков денес го посети Лешочкиот манастир и истакна дека стариот конак ќе биде целосно завршен до крајот на јуни, со што овој значаен духовен комплекс ќе добие обновен и достоен изглед.

за време на посетата го придружуваа митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф, директорот на Националниот конзерваторски центар, Александар Јорданоски, како и стручен тим од институцијата.

Министерот информираше дека проектот за конзервација, реставрација, санација и ревитализација на стариот конак е во завршна фаза, а за него Министерството за култура и туризам издвои 6 милиони денари. Градежните активности, кои опфаќаат ѕидарски и столарски работи, се одвиваат согласно предвидената динамика.

Во однос на проектот за конзервација и реставрација на црквата „Св. Богородица“, каде што е откриен значаен трислоен живопис од 14, 17 и 19 век, беше посочено дека активностите привремено се ставени во мирување поради потребата од дополнителни стручни анализи и заштитни мерки. Работите ќе продолжат по спроведена процена, со цел целосно зачувување на ова уникатно културно наследство.

Со овие активности уште еднаш се потврдува заложбата за заштита, обновување и ревитализација на културното и духовното наследство како значаен дел од националниот идентитет.

CATEGORIES
Share This