СТОИЛОВ ЈА ПРЕЗЕМА КЛУПАТА НА БУТЕЛ – Голема промена во македонскиот ракомет

По богатата играчка кариера и европската титула со Вардар, Стоилов се враќа како главен тренер.

СТОИЛОВ ЈА ПРЕЗЕМА КЛУПАТА НА БУТЕЛ – Голема промена во македонскиот ракомет
Фото: Принтскрин

Легендарниот ракометар на Вардар и поранешен македонски репрезентативец, Стојанче Стоилов, официјално е именуван за нов тренер на РК Бутел за претстојната сезона. Раководството на клубот од Суперлигата денеска го промовираше Стоилов како стратешки избор од лето. За потсетување, сегашниот тренер Горан Кузмановски ќе го заврши својот ангажман по крајот на оваа сезона и ќе продолжи кариерата на Кипар.

По завршувањето на својата богата играчка кариера, во која освои речиси сè, вклучувајќи и титула европски првак со Вардар, Стоилов беше дел од стручниот штаб на РК Вардар. Сепак, со доаѓањето на Иван Чупиќ, тој си замина од клубот.

Доаѓањето на Стоилов на клупата на РК Бутел испраќа јасна порака дека клубот е сериозен и има големи амбиции во македонската Суперлига.

CATEGORIES
Share This