ПЕНАЛИ, ИЗНЕНАДУВАЊА И ПОБЕДНИЧКИ ГОЛОВИ – Овие европски тимови тргнуваат на Мундијалот
Италија отпадна, Чешка и Босна слават, сите европски репрезентации за Мундијалот се познати.

Познати се сите европски репрезентации кои ќе играат на Светското фудбалско првенство ова лето. Станува збор за Босна и Херцеговина, Чешка, Турција и Шведска кои обезбедија пласман по вечерашните дуели.
На натпреварот во Зеница, Босна и Херцеговина ја изненади фаворизираната Италија и обезбеди пласман на Мундијалот. По регуларните 90 минути резултатот беше 1-1, а по продолженијата остана непроменет. Во 15.минута, Мојс Кин од Фиорентина донесе предност за Италија (0-1). Во 41.минута, Бастони заработи црвен картон, па Италија остана со играч помалку. Во 79.минута, Харис Табаковиќ од Борусија Менхенгладбах постигна погодок за 1-1 и го израдува стадионот во Зеница.
Во пенал серијата, Италијанците не реализираа два удари (Еспозито и Тристанте), додека Босанците беа прецизни и го добија дуелот со 4-1, обезбедувајќи втор пласман на Мундијалот по 2014 година.
Селекцијата на Чешка на домашен терен во Прага победи и го елиминира тимот на Данска со вкупен резултат 5-3, по продолженија и пенали. Чесите поведоа уште во 3.минута со погодок на Павел Шулц. Јоаким Андерсен израмни за Данска во 77.минута. Во продолженијата, Ладислав Крејчи донесе водство на Чешка во 100.минута, а Данците повторно израмнија во 111.минута преку Каспер Хог.
Во пенал серијата, Данците не реализираа три удари, додека Чесите беа прецизни и победија со 3-1, обезбедувајќи место на Светското првенство.
Шведска ја победи Полска со 3-2 во Солна. Ентони Еланга (Њукасл) донесе водство за Шведска во 20.минута. Никола Залевски израмни за Полска во 33.минута. Густаф Лагербилке врати водство за Шведска во 43.минута. Во вториот дел, Залевски повторно израмни за Полска во 55.минута. Виктор Ѓокерес (Арсенал) постигна победнички гол во 88.минута за конечни 3-2.
Турција го победи Косово со 1-0 во Приштина. Победничкиот гол го постигна Керем Актуркоглу во 53.минута.
Со овие резултати, комплетиран е списокот на европски репрезентации кои ќе играат на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
