НАЈЖЕШКАТА КУБАНСКА ЏЕЗ ЕКСПЛОЗИЈА ДОАЃА ВО СКОПЈЕ – Не ја пропуштајте
Една вечер исполнета со салса, тимба и џез и почувствувајте ја автентичната кубанска енергија.

На 16 април, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе одржи ексклузивен концерт под наслов „Cuban Jazz Explosion“, заедно со светски реномираниот кубански музичар Alain Pérez и неговата осумчлена ритам-секција La Orquesta. Настанот ќе се одржи во Националната опера и балет во Скопје.
Концертот е дел од европската турнеја „La Fiesta Tour“, која ја носи автентичната енергија на кубанската музика на најзначајните сцени низ Европа. Со спој на салса, тимба и џез, вечерта ќе понуди незаборавен ритам, страст и врвна музичка изведба.
Alain Pérez е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент од Куба со светска кариера. Тој го стекна своето глобално признание како член на легендарниот состав Irakere, под водство на Chucho Valdés, како и преку долгогодишната соработка со фламенко-иконата Paco de Lucía.
Во текот на својата кариера, Pérez соработувал со големи имиња како Chick Corea, Wynton Marsalis, Celia Cruz, Rubén Blades, Paquito D’Rivera, Diego El Cigala и Isaac Delgado, создавајќи препознатлив звук кој ги обединува салсата, тимбата, џезот и фламенкото во енергична и автентична музичка целина.
Денес, како добитник на престижни Grammy Awards и Latin Grammy Awards, Pérez се смета за еден од најважните претставници на современата афро-кубанска музика.
Билети за концертот се достапни online на MKTickets, како и на продажните места на MKTickets.
На денот на концертот, еден час пред почетокот, ќе бидат достапни билети со 50% попуст за студенти и пензионери на билетарницата на Националната опера и балет (со приложување соодветен документ).
Билетите може да се резервираат однапред на: info@jazzorchestra.mk
