ГРК ОХРИД ГО ПОНИЖИ ОЛИМПИЈАКОС ВО АТИНА – Реваншот ќе реши сè

Победа со пет гола разлика ја отвори вратата кон полуфиналето на Европскиот куп.

ГРК ОХРИД ГО ПОНИЖИ ОЛИМПИЈАКОС ВО АТИНА – Реваншот ќе реши сè
Фото: Принтскрин

ГРК Охрид оствари импресивна победа во Атина со пет гола разлика, што јасно покажува дека тимот е поквалитетен од Олимијакос. Пласманот во полуфиналето на Европскиот куп сега треба да се потврди на реваншот в сабота во „Билјанини извори“.

Охридскиот тим ја прослави големата победа и продолжува да создава клупска историја, но работата сè уште не е завршена. Лани, Олимпијакос исто така загуби дома, тогаш од романска Турда, но потоа на реваншот го победи со поголема разлика.

Исто така, настаните од реваншот на ланското финале помеѓу Алкалоид и АЕК покажуваат дека Грците можат да прибегнат кон трикови и провокации. Затоа е важно Охрид да остане концентриран и да не им даде повод за службена победа, бидејќи на терен тешко ќе можат да ја остварат разликата која им е потребна.

CATEGORIES
Share This