ДРАМАТИЧЕН ПРЕСВРТ – Трајковски се збогува од репрезентацијата
Легендата на македонскиот фудбал го завршува репрезентативниот пат по 98 натпревари.

Александар Трајковски ќе остане запишан со златни букви во историјата на македонскиот фудбал. Човекот кој ја однесе Македонија на само еден чекор од пласман на Светското првенство сега се повлекува.
Новиот селектор, Гоце Седлоски, го изостави Трајковски од дуелот со Данска, во кој Македонија доживеа тежок пораз. Очигледните несогласувања помеѓу Седлоски и главните напаѓачи Трајковски и Миовски отворија многу прашања и дилеми.
На едно од нив, Трајковски одговори во својата објава до македонските навивачи.
Во своето обраќање, Трајковски истакна дека одлуката за повлекување била тешка и болна, но истовремено е горд на сето она што го дал за Македонија. Во дресот на репрезентацијата одигра 98 натпревари и само два помалку од селекторот Седлоски.
Во продолжение, следи целата објава на Александар Трајковски.
