СКАНДАЛ ИЛИ ЛАЖНИ ТВРДЕЊА – Народната банка ја откри вистината за изборот на вицегувернери
Нема кочење и Народната банка открива што навистина значи пролонгирањето на изборот.

Народната банка ја информира јавноста дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршување на јавниот повик и во согласност со законските процедури.
Во оваа фаза, изборот на вицегувернери е во исклучива надлежност на Собранието. Го отфрламе тврдењето дека процесот се блокира или дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање.
Согласно член 55, став 3 од Законот за Народната банка, членот на Советот чиј мандат истекол продолжува да ги извршува своите овластувања и задачи до именувањето на нов член. Ова обезбедува континуитет во работењето и гарантира стабилност и непречено функционирање на институцијата, во согласност со насоките на Меѓународниот монетарен фонд.
Слични ситуации не се новост и пролонгирања се забележани и при претходните избори на членови на Советот. На пример, во 2018 година, кога СДСМ заедно со својот коалициски партнер ДУИ имаа мнозинство во Собранието, Советот на Народната банка функционираше со неполн состав повеќе месеци, што не е случај сега.
Законот и сегашната практика јасно обезбедуваат континуитет и стабилност во работењето на Народната банка до избор на новите носители на функциите.
Народната банка изразува загриженост што преку неосновани и селективни информации се доведува во прашање работењето на една високопрофесионална и одговорна институција.


