ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК – Што треба да знаете

Високиот притисок често нема симптоми, но може да го оштети телото.

ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК – Што треба да знаете
Фото: Принтскрин

Високиот крвен притисок е една од најчестите хронични состојби и неговото контролирање вклучува дневни навики  како што се намалување на внесот на сол, квалитетен сон, редовно вежбање и земање на препишаните лекови.

Кардиологот д-р Тарикшах Сајед објаснува дека крвниот притисок е „притисокот во артериите што ја носат крвта од срцето до телото“. Систолниот притисок го покажува моментот кога срцето пумпа крв, а дијастолниот притисок ја отсликува состојбата по пумпањето, одржувајќи ја крвта во артериите со нивната еластичност.

Доколку имате висок крвен притисок, важно е да не станувате нагло од кревет. Д-р Менхел Кино објаснува дека наглото станување може да предизвика вртоглавица, зашеметеност или дури несвестица, особено кај луѓе кои земаат лекови за крвен притисок. Тој препорачува постепено станување и  прво седнување на работ од креветот 1-2 минути.

Не се препорачува веднаш по будењето да започнувате интензивни вежби како трчање, кревање тегови или HIIT тренинг. Крвниот притисок природно се зголемува утринските часови поради циркадијалните ритми и хормоналните промени, што може да го оптерети срцето и да ја зголеми опасноста од аритмии.

Се советува денот да се започне постепено, со лесни вежби како истегнување или кратка прошетка 30-60 минути по будењето. Интензивното вежбање оставете го за подоцна во денот, кога телото е поподготвено, а крвниот притисок постабилен.

Високиот крвен притисок често нема симптоми, но со текот на времето може да ги оштети органите. Затоа е важно редовно да го проверувате и да ги следите советите на вашиот лекар.

Кардиологот д-р Санџај Боџрај пак, се осврнува на вечерните навики за здраво срце. По 20 години работа со пациенти со срцеви заболувања, кардиологот д-р Санџај Боџрај забележал дека навиките по работното време играат голема улога за здравјето на срцето. Срцевите заболувања се развиваат со текот на годините и се поврзани со крвен притисок, воспаление, шеќер во крвта и квалитет на спиењето.

Доцна вечера: Метаболизмот вечер е помалку ефикасен во преработката на шеќер и масти. Доцните оброци можат да доведат до повисоки нивоа на шеќер и воспаление, како и да го нарушат процесот на опоравување на телото.

Силна и ладна светлина: Осветлувањето со силна и студена светлина го нарушува лачењето на мелатонин, важен за сон и крвен притисок. Подобро е да се користат потопли и помеки извори на светлина.

Стресна содржина на телевизија: Телото реагира на стрес на екранот како на реална закана, што може да го зголеми срцевиот ритам и крвниот притисок.

Интензивно вежбање: Иако вежбањето е важно, интензивните тренинзи доцна навечер може да го одложат сонот и да го држат телото во состојба на стрес.

Пиење алкохол: Алкохолот нарушува структурата на спиењето и го намалува REM спиењето, што може да влијае на срцевиот ритам и крвниот притисок.

Емоционално напнати разговори: Стресот и лутината пред спиење го зголемуваат нивото на хормони на стрес и оптоваруваат тело и срце.

Премногу време пред екран: Сината светлина од телефони и телевизори го одложува лачењето на мелатонин, предизвикува лош сон и со текот на времето може да го зголеми ризикот од висок крвен притисок и срцеви заболувања.

CATEGORIES
Share This