КРЕАТИВЕН ДЕН 2026 – Мода инспирирана од филм
Награди и новитети за прв пат за креативност што оставa трага.

Креативен Ден продолжува да биде сцена каде младите модни дизајнери го добиваат својот глас. Во петтото јубилејно издание ќе учествуваат над 30 тимови од девет градови, кои ќе работат со искусни дизајнери-ментори и нивните креации ќе ги презентираат Дами на модната писта.
Годинава, листата на ментори е поширока од минатата и вклучува познати имиња од македонската модна сцена. Тема настанот е ФИЛМ, а младите креативци го истражуваат филмското влијание пред да создадат своите колекции. Александар Ортаковски и ученичката Маја Автаровска се инспирираат од Clash of the Titans. Професорката Кате од Скопје црпи инспирација од Malèna, потенцирајќи самодоверба, женственост и достоинство. Моника Ангелевска од МОНСОЛО Ресен создава колекција инспирирана од стилот на Одри Хепбурн.
Организаторите обезбедуваат материјал за сите тимови и за прв пат ќе доделат награда. На настанот ќе присуствуваат модни експерти, институционални претставници, Почесни конзули и Претседателката на Република Македонија. Конкурсот со ЕАМ Штип дополнително ќе ги мотивира младите дизајнери да ги претстават своите креации во јавност.
Креативен Ден 2026 потврдува дека модата и естетиката се основни елементи на современото живеење и создава фер и инспиративна работна клима за идните модни креативци.


