ЖДРЕПКА МА ПОВИДОК – Македонија го чека противникот за ЕП 2028

Македонија нема да се соочи со селекциите од вториот „шешир“ во квалификациите

ЖДРЕПКА МА ПОВИДОК – Македонија го чека противникот за ЕП 2028
Фото: Принтскрин

Европската ракометна федерација ги објави „шеширите“ за квалификациите за Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Македонската ракометна репрезентација е сместена во вториот „шешир“, заедно со селекциите на Австрија, Холандија, Фарски острови, Србија, Полска, Чешка, и  Италија. Тоа значи дека Македонија нема да се сретне со овие репрезентации во квалификациите.

Вкупно 32 селекции се распределени во четири „шешири“, а ждрепката ќе ги подели во осум групи со по четири репрезентации.

Во првиот „шешир“ се наоѓаат европските ракометни сили: Германија, Хрватска, Исланд, Шведска, Франција, Норвешка, Унгарија и Словенија.

Третиот „шешир“ го сочинуваат: Литванија, Босна и Херцегоцина, Белгија, Грција, Украина, Романија, Грузија и Црна Гора.

Во четвртиот „шешир“ се: Естонија, Латвија, Турција, Косово, Луксембург, Израел, Финска и Словачка.

Ждрепката за групите ќе се одржи на 26 март во Lisbon.

На Европското првенство ќе учествуваат 24 репрезентации, по две најдобропласирани од секоја група, како и четири најдобри третопласирани селекции.

Веќе се познати четири учесници на шампионатот: домаќините Шпанија, Португалија и Швајцарија како и актуелниот европски шампион Данска.

CATEGORIES
Share This