СТИГНА ПОТВРДА ОД МОСКВА – БРИКС создава паралелен Меѓународен кривичен суд
Медведев посочи дека налозите за апсење на шефови на држави, како оној издаден од МКС против рускиот претседател Владимир Путин, претставуваат сериозна закана за меѓународната стабилност.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Русија ја разгледува можноста за создавање алтернатива на Меѓународниот кривичен суд (МКС), преку соработка со земјите-членки на БРИКС. Според него, иницијативата веќе се наоѓа на агендата и ќе биде тема на дијалог меѓу партнерите во рамките на овој меѓународен сојуз.
„Сѐ уште не сум запознаен со сите детали од иницијативата, но таа е разработена и дијалогот со нашите партнери од БРИКС ќе продолжи“, изјави Песков пред новинарите.
Оваа идеја доаѓа по објавата на заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, кој преку своја статија повика на формирање на паралелна правна институција што би делувала во рамките на БРИКС. Медведев посочи дека налозите за апсење на шефови на држави, како оној издаден од МКС против рускиот претседател Владимир Путин, претставуваат сериозна закана за меѓународната стабилност.
„Светот се наоѓа на раб на трета светска војна. Овие чекори на МКС само ги зголемуваат глобалните тензии“, предупреди Медведев.
Иницијативата за создавање алтернатива на Хашкиот суд може да претставува нова пресвртница во геополитичките односи и да го засили влијанието на БРИКС како блок што сѐ повеќе настапува како противтежа на Западот.


