ПРАТЕНИКОТ ХАЛИЛ СНОПЧЕ ИМАЛ ЦРВЕНИ ЛИНИИ!!! Ако Мицкоски ни даде шут карта бегаме од владата

Првиот момент кога Мицкоски ќе даде сигнал дека местото на Алијанса за Албанците не е во Владата - ние веднаш ќе излеземе

ПРАТЕНИКОТ ХАЛИЛ СНОПЧЕ ИМАЛ ЦРВЕНИ ЛИНИИ!!! Ако Мицкоски ни даде шут карта бегаме од владата

Пратеникот Халил Снопче од крилото на Алијанса за Албанците, предводено од министерот Арбен Таравари, ја прецизираше позицијата на партијата во однос на учеството во Владата. Тој истакна дека доколку премиерот Христијан Мицкоски даде било каков сигнал дека не го гледа местото на Алијанса за Албанците во владејачката коалиција, тие веднаш ќе се повлечат.

„Првиот момент кога Мицкоски ќе даде сигнал дека местото на Алијанса за Албанците не е во Владата – ние веднаш ќе излеземе“, рече Снопче, одговарајќи на хипотетичко прашање како би постапиле доколку премиерот го поддржи ставот дека Алијанса не може да биде и со ДУИ и во Владата.

Снопче потсети и на неговите претходни јавни ставови, нагласувајќи дека доследно стои зад своите изјави:

„Јас во една емисија реков – ако Законот за бранители се донесе или ако се чепка Законот за јазиците, коалицијата ‘Вреди’ ќе ја напушти Владата. Мицкоски веќе следниот ден реагираше – ‘нека им е среќен патот’. Јас не се повлеков, ја повторив истата изјава.“

Иако нагласи дека не може да говори во име на целата коалиција „Вреди“, Снопче посочи дека како пратеник на Алијанса за Албанците зборува со сигурност – постојат црвени линии што не смеат да се преминат. Во случај тие да бидат нарушени, нивната одлука е јасна: напуштање на Владата.

CATEGORIES
Share This