РОМАН НА ГОДИНАТА Шест романи влегоа во најтесниот избор за наградата

Името на добитникот ќе биде објавено на 13 март, на прес-конференција во Друштвото на писателите на Македонија. Наградата, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“, се состои од плакета, статуетка и 150.000 денари.

РОМАН НА ГОДИНАТА Шест романи влегоа во најтесниот избор за наградата

Шест романи влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2025 година.

Меѓу финалистите се: „Александар јава на запад“ од Венко Андоновски, „Необјавен фељтон“ од Владимир Илиевски, „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“ од Фросина Пармаковска, „Фобос: деконструиран роман“ од Соња Станковска, „Три Марии: (роман – басма)“ од Оливера Ќорвезироска и „Повратник со две лица“ од Ивица Челиковиќ.

Жири-комисијата, предводена од Калина Малеска, оцени дека конкуренцијата годинава е многу изедначена, па во финалето се најдоа дури шест романи – веројатно најмногу во историјата на наградата.

Името на добитникот ќе биде објавено на 13 март, на прес-конференција во Друштвото на писателите на Македонија. Наградата, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“, се состои од плакета, статуетка и 150.000 денари.

Минатата година лауреат беше романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска. Свеченото врачување на наградата годинава е најавено за средината на мај.

CATEGORIES
Share This