ЕВАКУИРАНИ 151 ПАТНИК ОД ОАЕ – Вечерва слетаа на скопскиот аеродром
Најголем дел од патниците се македонски државјани, а меѓу нив има и граѓани од соседните земји.

Фото: Принтскрин
Вечерва на скопскиот аеродром слета авион со 151 патник од Обединетите Арапски Емирати кои побарале евакуација. Меѓу нив најголем дел се македонски државјани, а има и државјани од неколку соседни земји.
Од Министерството за надворешни работи информираат дека процесот на евакуација продолжува и дека се очекува до средината на следната недела во земјава да се вратат сите македонски државјани кои изразиле желба за враќање.
CATEGORIES Македонија


