МОЏТАБА ХАМНЕИ Е НОВИОТ ВРХОВЕН ЛИДЕР НА ИРАН – Изборот го потврди Sky News

Одлуката ја донесе 88-членото Собрание на експерти според принципот Вилает-е факих

МОЏТАБА ХАМНЕИ Е НОВИОТ ВРХОВЕН ЛИДЕР НА ИРАН –  Изборот го потврди Sky News
Фото: Принтскрин

По убиството на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи во американско-израелските напади, иранските власти го избраа неговиот син за нов духовен водач на земјата.

Според иранските државни медиуми, пренесени од Sky News, за нов врховен верски лидер е именуван Моџтаба Хамнеи, 56-годишен верски службеник кој досега немал извршувано јавна политичка функција.

Одлуката ја донесе Собранието на експерти, тело од 88 верски лидери задолжени да изберат врховен лидер во согласност со принципот Вилает‑е факих, кој налага државата да ја води високо рангиран исламски правник со религиозен и политички авторитет.

По смртта на Хамнеи, привремено беше формиран и тричлен совет за управување со земјата, во кој учествуваа, претседателот на Иран Масуд Пезешкијан, шефот на судството Голамхосеин Мохсени Еџеи и верскиот лидер и командант поврзан со Басиџ, Алиреза Арафи.

Врховниот лидер на Иран има последен збор во сите клучни државни прашања, од вооружените сили и безбедноста до стратешките политички одлуки.

Иако Али Хамнеи никогаш јавно не назначи наследник, по неговата смрт изборот падна на неговиот син, кој ги преживеа неодамнешните напади врз Иран.

CATEGORIES
Share This