ПРАТЕНИКОТ СНОПЧЕ ИМАЛ ЦРВЕНИ ЛИНИИ Ако Мицкоски им покажел шут карта ќе си заминеле од владата
Првиот момент кога Мицкоски ќе даде сигнал дека местото на Алијанса за Албанците не е во Владата - ние веднаш ќе излеземе - изјави Снопче, одговарајќи на хипотетичко прашање за можно сценарио во кое премиерот би зазел став дека Алијанса не може истовремено да соработува и со ДУИ и со Владата.

Пратеникот на еден од деловите на Алијанса за Албанците, Халил Снопче, вечерва испрати порака до премиерот Христијан Мицкоски и до јавноста: доколку се покаже дека нивното присуство во Владата не е посакувано, тие веднаш ќе ја напуштат владејачката коалиција.
„Првиот момент кога Мицкоски ќе даде сигнал дека местото на Алијанса за Албанците не е во Владата – ние веднаш ќе излеземе“ – изјави Снопче, одговарајќи на хипотетичко прашање за можно сценарио во кое премиерот би зазел став дека Алијанса не може истовремено да соработува и со ДУИ и со Владата.
Снопче се повика и на претходни изјави во врска со законските иницијативи кои, според него, се неприфатливи за Алијанса.
„Јас во една емисија еднаш реков – ако Законот за бранители се донесе или ако се чепка Законот за јазиците, коалицијата ‘Вреди’ ќе ја напушти Владата. Мицкоски веќе следниот ден реагираше – ‘нека им е среќен патот’. Јас не се пишманев, ја повторив таа моја изјава“ – нагласи Снопче.
Иако не зборува во име на целата коалиција „Вреди“, Снопче уверува дека како пратеник на Алијанса за Албанците има јасен став – постојат „црвени линии“ кои не смеат да се преминат. Доколку тоа се случи, неговата партија нема да остане дел од извршната власт.

