СИПА СЕ ОБИДЕ ДА ГО ПРИВЕДЕ ДОДИК, МВР НА РС ГИ СПРЕЧИ – Се обидуваат да направат нешто, но не можат им врати Додик
Инцидентот ја зголемува тензијата меѓу институциите на државно и ентитетско ниво во БиХ, а исходот од правните процеси останува неизвесен.

Инспектори од Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска се појавиле пред Административниот центар на Владата на Република Српска во Источно Сараево, каде што претседателот на РС, Милорад Додик, имал средба со градоначалникот и општинските раководители на градот.
Според информациите потврдени од СИПА за Радио-телевизијата на Република Српска (РТРС), тројца инспектори биле на лице место со намера да достават судска наредба до претседателот Додик. Но, како што јавува репортерот на РТРС, полицијата на Република Српска брзо реагирала, пречекувајќи ги инспекторите и спречувајќи ги во намерите, наведувајќи дека доставата на судската наредба „не е можна“ во дадениот момент. Инспекторите потоа го напуштиле местото.
Сараевските медиуми објавија дека СИПА се обидела да го приведе Милорад Додик, во согласност со централната потерница која беше распишана од Судот на Босна и Херцеговина. Истиот налог се однесува и на премиерот на РС, Радован Вишковиќ, како и на претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ. Потерницата следи откако овие функционери не се појавиле на судско рочиште, поради сомнежи за нарушување на уставниот поредок на државата. Иако се правени обиди за активирање и на меѓународна потерница преку Интерпол, тие досега не беа успешни.
Милорад Додик во текот на денот престојувал во Шековиќи, каде учествувал на состанок за отпочнување на процесот на гасификација на источниот дел од Република Српска, по што се упатил кон Источно Сараево за планираната средба со локалните лидери.
Инцидентот ја зголемува тензијата меѓу институциите на државно и ентитетско ниво во БиХ, а исходот од правните процеси останува неизвесен.
Се огласи и Додик по денешниот обид за неогво апсење од страна на СИПА:
„Се чувствувам добро, здраво и живо. Немам намера да го напуштам овој објект под притисок. Ова е Република Српска. Тие што дојдоа овде дојдоа во Република Српска. Тие не се агенција од Република Српска. Ги прекршија законите и тоа ќе покаже кој и како има моќ да ги спроведува законите. Се обидуваат да направат нешто, но не можат“ – рече Додик и објасни кои биле присутни сите членови на СИПА.
Тој додаде:
„Братот на Кемал Адемовиќ, кој беше воен шеф на АИД, вечерва беше таму пред зградата. Ова не е територијата на која се практикува владата на Босна и Херцеговина“ – рече Додик.


