СРЕДНО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ – Полициска академија се отвора во 2026/2027

Новото име ќе биде Средно полициско училиште – Полициска академија, со обележја на униформите што ќе го идентификуваат училиштето.

СРЕДНО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ – Полициска академија се отвора во 2026/2027
Фото: Принтскрин

Околу 200 ученици ќе бидат примени во првата генерација на новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија. Јавниот повик се очекува околу 1 јули 2026 година.

Учениците ќе ја следат третата и четвртата година од средно образование (возраст 15-16 години), по завршување на првите две години во било кое средно училиште. Наставата вклучува општообразовни предмети (македонски јазик, англиски, историја, спорт, изборна математика) и стручни предмети за полициска обука (тактика, криминалистика, право, одбранбени вештини, ракување со оружје, информатика). Учениците ќе престојуваат во интернат на Центарот за обука на МВР во Идризово и ќе имаат бесплатно сместување и исхрана.

Кандидатите ќе треба да ги исполнат општите и посебните услови за прием (државјанство, возраст, здравје, психофизичка способност и др.). Селекцијата вклучува здравствени и психофизички проверки, тест за општо знаење, тест за интегритет и интервју пред комисија. Наставниот успех од првите две години средно се користи како додатен критериум при ист број бодови.

Наставата ќе ја предаваат искусни наставници, стручни соработници од МВР и експерти со високи квалификации. Центарот за обука на МВР е реновиран и се проширува за дополнителни терени за тактичка обука, спорт, стрелиште и полигон за ВИП-обезбедување.

По матурата, учениците автоматски стануваат полицајци со загарантирано работно место. Во иднина, се разгледува можноста да започнуваат директно како полицајци со повисока почетна позиција.

Новото име ќе биде Средно полициско училиште – Полициска академија, а учениците ќе носат обележја на униформите што ќе го идентификуваат училиштето.

CATEGORIES
Share This