ДЕТСКИ ФЕСТИВАЛ – „Поточиња“ со нови песни и приказни

Гостувања низ Македонија и хуманитарен концерт во Германија

ДЕТСКИ ФЕСТИВАЛ – „Поточиња“ со нови песни и приказни
Фото: Принтскрин

На 18 и 19 април, по 23. пат, во Националната опера и балет ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Омилените ликови од „Поточиња“, заедно со незаменливиот водител Поки (актерот Мартин Јорданоски), подготвија нова фестивалска приказна со 17 нови детски песни. Фестивалот ќе ги забавува децата, ќе ги поттикнува да танцуваат и да пеат.

По успешното издание на „Поточиња 2025“ и бројните гостувања на детски манифестации низ Скопје и Македонија, како и хуманитарниот концерт во Германија, „Поточиња 2026“ ветува продолжување на успешната приказна која со својот квалитет го плени вниманието на најмладите љубители на музиката.

Билети по цена од 500 денари веќе се достапни преку мрежата МК Тикетс и онлајн на следниот линк: https://mktickets.mk/event/potochinja-2026/

CATEGORIES
Share This