ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА Мрежа од доктори, адвокати и вешти лица на големо штанцале инвалидски пензии и помош за туѓа нега

Според извори на Национал, предмет на истрагата е повеќегодишна шема во која, преку лажни медицински дијагнози, биле издавани неправилни документи за користење на финансиска поддршка за туѓа нега и за стекнување на инвалидски пензии

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА Мрежа од доктори, адвокати и вешти лица на големо штанцале инвалидски пензии и помош за туѓа нега

На територијата на неколку градови низ Македонија, Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи (БЈБ при МВР) утрово започна обемна полициска операција насочена кон разбивање на организирана криминална мрежа и корупција во здравствениот систем.

Според извори на Национал, предмет на истрагата е повеќегодишна шема во која, преку лажни медицински дијагнози, биле издавани неправилни документи за користење на финансиска поддршка за туѓа нега и за стекнување на инвалидски пензии. Осомничените наводно соработувале за да се овозможи незаконско добивање на средства од државата.

Во операцијата се опфатени повеќе од 50 лица, меѓу кои има доктори, членови на комисија во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), адвокати, вешти лица, како и управител на консултантско биро. Полициски претреси се вршат на вкупно 21 локација, од кои 15 се домашни адреси на осомничените, а останатите во здравствени установи и канцеларии.

Меѓу објектите каде се извршуваат претреси се: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница во Тетово, ЈЗУ Општа болница Велес, Адвокатски канцеларии и консултантски бироа

Според извори на Национал поднесени се кривични пријави против 49 лица, за основано сомнение за извршување на следниве кривични дела: Злосторничко здружување, Злоупотреба на службена положба и овластување, Примање и давање поткуп, Примање и давање награда за противзаконито влијание, Помагање.

Истрагата е во тек, а МВР најавува дека ќе следуваат и дополнителни информации по завршување на оперативните дејствија.

CATEGORIES
Share This