БЕРОКАЛ ПРЕД ПРВ ГОСТИНСКИ ТЕСТ – Македонија со амбиции за нова победа
Македонската репрезентација вечерва го игра вториот меч во претквалификациите за Европското првенство 2029.

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва ќе го продолжи својот перфектен настап во претквалификациите за Европското првенство 2029, гостувајќи во Баку против Азербејџан. Нашата селекција е голем фаворит за победа.
Во петокот, предводена од новиот селектор Жозеп Марија Берокал, Македонија славеше против Луксембург, кој е најсериозен ривал во групата.
Само пред три месеци, во Скопје, нашите кошаркари ја декласираа репрезентацијата на Азербејџан со 87:49, постигнувајќи речиси двојно повеќе поени од противникот. Поради тоа, иако денешниот меч се игра во Баку, Македонија повторно важи за фаворит.
Дополнително, новиот селектор има неколку дена да се запознае подетално со репрезентативците, нивниот потенцијал и да подготви тактика за уште една победа во претквалификациите.


