КУП НА МАКЕДОНИЈА – Распоред на групите од денешната ждрепка

Натпреварите ќе се играат претстојниот викенд, заинтересираните можат да се пријават како организатори

КУП НА МАКЕДОНИЈА – Распоред на групите од денешната ждрепка
Фото: Принтскрин

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска беше извршена ждрепката за втората фаза од Купот на Македонија во машка конкуренција.

Четирите највисоко рангирани екипи од Супер лигата, кои важат и за главни фаворити за трофејот, се распоредени во различни групи. Бранителот на титулата Вардар, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, како и Охрид и Алкалоид, според квалитетот не би требало да имаат потешкотии на патот кон завршниот „фајнал-фор“ турнир.

Натпреварите од оваа елиминациска рунда ќе се играат претстојниот викенд, а РФМ ги повика заинтересираните клубови и општини кои сакаат да бидат организатори да достават официјално барање до федерацијата.

Група А: Бутел Скопје – Вардар И Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2

Група Б: Пролет – Македонија ЃП и Радовиш – Алкалоид

Група В: Тиквеш – Охрид и Куманово – Младост Богданци

Група Г: Струга – Еурофарм Пелистер и Прилеп – Драчево

CATEGORIES
Share This