КАМАТНИТЕ СТАПКИ ВО ЈАНУАРИ – Депозити благо нагоре, кредити во пад

Просечната каматна стапка на вкупните кредити падна за 0,48 п.п. на годишно ниво, достигнувајќи 4,73%.

КАМАТНИТЕ СТАПКИ ВО ЈАНУАРИ – Депозити благо нагоре, кредити во пад
Фото: Принтскрин

Народната банка на РСМ соопшти дека годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити е 0,02 процентни поени, достигнувајќи 2,20% во јануари. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п., достигнувајќи 4,73%.

Во јануари, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,40%, што е за 0,15 п.п. повеќе од претходниот месец, но за 0,30 п.п. помалку во однос на истиот месец лани. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е 2,33%, со месечен пад од 0,03 п.п. и годишен пад од 0,15 п.п.

CATEGORIES
Share This