ОТВОРЕНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА КИЧЕВО ГРАД НА КУЛТУРАТА – Ново поглавје во културниот живот на кичевчани

Фестивали, изложби, концерти и театарски претстави низ целата 2026 година

ОТВОРЕНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА КИЧЕВО ГРАД НА КУЛТУРАТА – Ново поглавје во културниот живот на кичевчани
Фото: Принтскрин

Кичево официјално ја означи стартната точка на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“, со што се отвора ново поглавје во културниот развој на градот.

На свеченото отворање присуствуваа министерот за култура и туризам Зоран Љутков, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски, заменик-министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски, директорката на Музејот на НОБ Вања Вељаноска, директорот на НУЦК „Кочо Рацин“ Мазлам Османи, како и бројни уметници, културни работници и граѓани.

Локалната власт истакна дека ова признание ја потврдува богатата културна традиција и современата креативна енергија на Кичево,  град кој традиционално е раскрсница на различни култури, јазици и традиции.

Во рамките на настанот, беше доделена и плакета за особен придонес во музиката на младиот пијанист Лука Лазарески, како знак на поддршка за талентите од градот.

Во текот на 2026 година, Кичево ќе биде домаќин на низа фестивали, изложби, концерти, театарски претстави и литературни вечери, со учество на домашни и странски уметници.

Од отворањето испратена е јасна порака: културата е инвестиција во иднината, а 2026 година треба да биде време на заедништво, креативност и нови успеси за Кичево.

CATEGORIES
Share This