526 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ – Најмногу за брзина над дозволената

Првпат од почетокот на системот нема регистрирани возачи што минале на црвено.

526 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ – Најмногу за брзина над дозволената
Фото: Национал

Системот за видеонадзор „Безбеден град“ вчера регистрирал вкупно 526 сообраќајни прекршоци, при што првпат не е забележан ниту еден случај на минување на црвено светло, соопшти МВР.

Од вкупниот број прекршоци, 84 се од возачи со странски регистарски таблички. Најмногу, 504 прекршоци, се за брзина над дозволената, а 22 се за возење со истечена сообраќајна дозвола.

Исто така, изречени се 17 мерки за забрана управување со возило, сите поради брзо возење: 13 за над 80 км/ч во населено место и 4 за надминување на ограничувањето за повеќе од 10 км/ч.

Системот вчера толерирал 3.336 возачи во рамките на дозволената толеранција при мерење на брзината.

CATEGORIES
Share This