КОЈ Е ВО ПРАВО – Различни мислења за куќниот притвор на Груби меѓу членка на Судскиот совет и министерот за правда

Најава на контрола во „Затвор Скопје“ и останатите затвори за да се провери безбедносната состојба.

КОЈ Е ВО ПРАВО – Различни мислења за куќниот притвор на Груби меѓу членка на Судскиот совет и министерот за правда
Фото: Принтскрин

Членката на Судскиот совет, Сузана Јошевска-Анастасовска, реагираше на повикот на министерот за правда, Игор Филков, да се свикаат итни седници на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители за случајот со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Во објава на Фејсбук, Јошевска-Анастасовска истакнува дека „судија не смее да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор“ и дека нема потреба од итна седница на Судскиот совет за да се разгледува ова основно правило во кривичната постапка.

Претходно, министерот Филков побара одговорност од јавниот обвинител Даниел Коцев и од судијата Марин Станевски, истакнувајќи дека треба да се утврдат фактите и правните аргументи зад одлуката за замена на притворот. Тој исто така најави вонреден надзор на безбедносната состојба во „Затвор Скопје“ и во останатите затвори низ државата, доколку постои закана за безбедноста.

Филков нагласува дека институционалната контрола мора да функционира и дека одговорноста треба да се лоцира јасно, со име и презиме на одговорните лица.

CATEGORIES
Share This