АЛБАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО СКОПЈЕ – Посебен сообраќаен режим
СВР Скопје апелира до возачите да ги следат насоките на униформираните полицајци.

Фото: Принтскрин
На 26, 27 и 28 февруари 2026 година (четврток, петок и сабота), претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, ќе оствари официјална посета на Република Северна Македонија.
Во текот на посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на дел од сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје.
Од Министерство за внатрешни работи упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите на униформираните полициски службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
CATEGORIES Македонија


