ПРОСЕЧНИ МЕСЕЧНИ ЗАКУПНИНИ – Од 3.489 до 22.736 денари по стан

Големи разлики во просечната месечна закупнина меѓу општините

ПРОСЕЧНИ МЕСЕЧНИ ЗАКУПНИНИ – Од 3.489 до 22.736 денари по стан
Фото: Принтскрин

Во второто полугодие од 2025 година, приходите од закуп на недвижности во Македонија беа повисоки во споредба со истиот период во 2024 година. Според Агенцијата за катастар на недвижности (АКН), ова укажува на стабилен пазар, зголемена побарувачка за изнајмување и подобрена наплата или повисоки цени на закупот.

Клучни податоци за станбениот закуп покажуваат дека во урбаните и економски развиените општини има поголема концентрација на закупени станови поради побарувачката од студенти, млади професори и работници. Повисоките просечни цени се поврзуваат со подобра инфраструктура и пристапност до услуги. Во периферните општини, побарувачката и цените се пониски додека севкупно потребно е планирање на дополнителни станбени капацитети и политики за достапно домување.

Најмногу закупи во второто полугодие на 2025 година се забекежени во Центар со 502 закупи, Штип 356, Аеродром 301 и Карпош 257.

Највисока вкупна вредност на закупнината е постигната во Центар со 11.413.380 денари, Аеродром 5.898.230 денари и Карпош 5.742.485 денари.

Највисока просечна месечна закупнина по општини има во Центар со 22.736 денари, Карпош 22.344 денари, Аеродром 19.595 денари, Ѓорче Петров 16.714 денари, Гази Баба 15.799 денари, Тетово 14.896 денари додека најниска цена е постигната во Бутел со 3.489 денари.

Според опсег на месечни закупнини најниска  е забележана во Струмица со само 83 денари додека највисока во Центар со 230.450 денари.

Вкупен број на закупи во второто полугодие 2025 година има 5.237 (раст од 14,2% во споредба со 2024 година) од кои станови 2.156 (41%), деловни простории 1.651 (32%), куќи 699 (13%), земјоделско земјиште и шуми 515 (10%), градежно земјиште 66 (1%), индустриски објекти: 95 (2%), гаражи 25 (0,5%) и останато 30 (1%).

Број на закупи по месеци изнесува во јули 826, август 614, септември 755, октомври 1.106, ноември 959 (најголем приход: 453,6 илјади евра) и декември 988.

Трендовите покажуваат дека станбениот сектор забележа раст: 2.156 закупи во 2025 година со вкупна вредност од 553,1 илјади евра, во споредба со 1.865 закупи и 465,7 илјади евра во 2024 година. Кај деловните простории 1.651 закуп во 2025 година (1182,7 илјади евра), во споредба со 1.444 закупи и 938,7 илјади евра во 2024 година. Куќи 699 закупи во 2025 година (184,8 илјади евра), во споредба со 684 закупи и 165,6 илјади евра во 2024 година. Земјоделско земјиште и шуми 515 закупи во 2025 година, раст од 384 во 2024 година. Индустрија мал пад, 95 закупи во 2025 година и градежно земјиште, гаражи и останати недвижности стабилни, со умерено учество на пазарот.

Пазарот на закуп на недвижности во Македонија во второто полугодие на 2025 година покажува пораст на побарувачката, повисоки цени и зголемена активност, особено кај становите и деловните простории.

CATEGORIES
Share This