ТРАГЕДИЈА НА БАЈКАЛСКО ЕЗЕРО – Возило паднало низ мразот на заледеното езеро

Несреќата се случила кога теренско возило пропаднало низ мразот на Бајкалското Езеро на длабочина од 18 метри.

ТРАГЕДИЈА НА БАЈКАЛСКО ЕЗЕРО – Возило паднало низ мразот на заледеното езеро
Фото: Принтскрин

Осум лица загинаа во регионoт Иркутск, Русија, кога теренско возило УАЗ паднало низ мразот на Бајкалското Езеро, соопшти гувернерот Игор Кобзев. Меѓу жртвите имало пет жени, еден маж и тинејџерка родена во 2013 година.

Според локалните власти и Министерството за вонредни ситуации, телата биле извлечени од нуркачи и спасувачи со помош на подводна камера. Несреќата се случила кога автомобилот пропаднал во пукнатина на мраз широка три метри на длабочина од 18 метри.

Според извор на ТАСС, жртвите се жени на возраст од 28, 28 и 31, 40 години. тинејџерка родена 2013 година и маж на 27 години

Дополнително, идентификуван е и 44-годишен возач, локален жител.

Министерството за вонредни ситуации соопшти дека пет нуркачи и двајца спасувачи учествувале во пребарувањето и извлекувањето на телата. Покрената е кривична истрага за обезбедување услуги што не ги исполнуваат безбедносните стандарди, поради што се случила смрт на две или повеќе лица поради небрежност, според Кривичниот законик на Русија.

Гувернерот Кобзев истакна дека се во контакт со Министерството за надворешни работи и Генералниот конзулат на Кина во Иркутск. Според информациите, групата кинески туристи не користела услуги на туристички агенции, туку патувала директно со локален жител.

Трагедијата се случила на неотворена ледена туристичка рута во областа на ’ртот Саган-Кушун на островот Олхон. Сè уште не е познато дали туристите имале дозвола да ја посетат територијата на Националниот парк Прибакајљски или биле таму нелегално.

CATEGORIES
TAGS
Share This