ТЕЖОК МОМЕТН НА ЗОИ – Finley Melville Ives доживеа тежок пад

Спортистот кратко останал без свест, а медицинските екипи интервенирале веднаш.

ТЕЖОК МОМЕТН НА ЗОИ – Finley Melville Ives доживеа тежок пад
Фото: Принтскрин

Зимските олимписки игри влегуваат во самиот финиш, а денеска на натпреварувањата во слободно скијање се случи драматичен момент. Актуелниот светски шампион, Finley Melville Ives, доживеа тежок пад за време на квалификациската рунда.

Скијачот, кој пред стартот важеше за еден од главните фаворити за златниот медал, загуби контрола во воздухот при еден од скоковите и силно удри во снегот, останувајќи неподвижен на теренот.

Според извори од местото на настанот, тој кратко останал без свест. Медицинските екипи реагирале веднаш и шестмина здравствени работници му укажале прва помош на лице место.

По интервенцијата, спортистот бил внимателно имобилизиран и пренесен во болница за дополнителни прегледи. Засега нема официјални информации за сериозноста на повредите, но падот предизвика голема загриженост меѓу присутните и љубителите на зимските спортови.

CATEGORIES
Share This