ВЛЕН НЕ МИРУВА И ЗА ПРАЗНИЦИТЕ Синоќа од Струга тргна постапката за обединување во една партија

Партиите здружени во Вреди на синоќешниот состанок во Струга договориле формирање централно раководство со 23 членови, како и заеднички штаб, медиумски центар, кадровска комисија и сектори за економија, право и образование

ВЛЕН НЕ МИРУВА И ЗА ПРАЗНИЦИТЕ Синоќа од Струга тргна постапката за обединување во една партија

Коалицијата „Влен“ ги интензивира активностите во прераснување во едн политичка партија со спојување на четири партии: Демократско движење, Алтернатива, Беса и Самоопределување. Приказната со една од фракциите на Алијанса за Албанците на чело со Таравари која беше дел од Вреди, е завршена откако АА на Таравари одлучи да ја напушти коалицијата.

Партиите здружени во Вреди на синоќешниот состанок во Струга договориле формирање централно раководство со 23 членови, како и заеднички штаб, медиумски центар, кадровска комисија и сектори за економија, право и образование.

Во однос на изборот за лидер на новиот полиитички субјект, Изет Меџити нагласи дека тоа прашање ќе се одвива демократски и дека фокусот е на концептот, а не на поединци. Целта е создавање силна и обединета политичка алтернатива пред локалните избори.

На истото прашање, околу лидерот на новиот субјект, неделава се осврна и Биљал Касами велејќи:

„Досега не беше дискутирано кој ќе биде претседател! Барем во ВРЕДИ се расправаше кој ќе го води овој политички субјект и како ќе се поделат одговорностите. За нас е важно ВРЕДИ да ја продолжи мисијата што ја започна на парламентарните избори да направи промени и да донесе нов дух, нов пристап кон политиката на Северна Македонија“ рече Касами.

По повод заминувањето на Таравари своја изјава имаше и Изет Меџити:

„Во наредните денови ќе ве информираме и за политичката реорганизација на структурата и стратегијата на ВРЕДИ за претстојните избори. Во оваа прилика ги повикуваме сите членови, симпатизери, гласачи и функционери на АА да се оградат од раздорните политики на господин Таравари спонзорирани од ДУИ и другите олигарси и да останат во коалицијата на промени, бидејќи есента носи нова победа“ – вели Меџити.

Во однос на тоа дали  ќе има промени и во владиниот кабинет, од ВРЕДИ велат:

„Одлуката за тоа кој останува и кој влегува во владата е заедничка владина одлука. Потребна ни е нова дискусија дали оваа влада останува на истите принципи на кои е создадена, како што е борбата против корупцијата. Доколку сме согласни за тоа, треба да разгледаме дали сите партнери се посветени на овој стандард или има одредени бранувања и кокетирање со партијата, чиј стандард е криминалот и корупцијата. Тоа се дискусии внатре во партијата, чиј епилог не треба и не можеме да предвидиме“, се вели во одговорот од Коалицијата ВРЕДИ.

Таравари пак се огласи на Фејсбук:

„Промената започнува од самиот себе, но за некои е потребно повеќе време, а за други помалку… за жал, има некои кои никогаш не можат да се променат! АА има еден мотив до кој се држи во своите чекори а тоа е посветеноста на луѓето. Среќен е тој што слуша бидејќи ќе му биде полесен патот до победата! А најголемата победа се луѓето, а нашата штотуку започна“ – напиша Таравари.

CATEGORIES
Share This