СЕ ОГЛАСИЈА ПУТИН И ТРАМП ВО ВРСКА СО СМРТТА НА ПАПАТА ФРАНЦИСК – Еве што напишаа за папата Фрањо
Претседателите на САД и Русија, Владимир Путин и Доналд Трам пред малку се огласија во врска со смртта на папата Франциск

Претседателите на САД и Русија, Владимир Путин и Доналд Трам пред малку се огласија во врска со смртта на папата Франциск.
Во телеграмата на Путин до кардиналот Фарел се вели:
„Имав можност да разговарам со овој извонреден човек повеќе од еднаш и засекогаш ќе го чувам најсветлиот спомен за него. Во овој тажен час, сакам да ви го пренесам моето сочувство и поддршка на вас и на целото католичко свештенство – напиша Путин.
Во телеграмата со сочувство се додава дека за време на неговиот понтификат папата активно „придонел за развојот на дијалогот меѓу Руската православна и Римокатоличката црква, како и за конструктивна соработка меѓу Русија и Светата столица“.
Во објавата на Трамп се вели:
„Почивај во мир папа Фрањо! Господ нека го благослови него и сите што го сакаа! – напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Папата Франциско почина денеска на 88-годишна возраст, соопшти Ватикан.

