ГРУПАТА ЛЕЛЕК ПОБЕДНИК НА ДОРА 2026 – Публиката и жирито ги носат на Евровизија
Стела Раде и Cold Snap исто така се високо пласирани според гласовите на жирито и публиката.

Групата „Лелек“ ќе ја претставува Хрватска на Евровизискиот натпревар во Виена со песната „Андромеда“. Победникот беше одреден според комбинираниот резултат од гласовите на жирито и публиката, во сооднос 50:50. По гласањето на осумте судии, четири домашни од Загреб, Сплит, Риека и Осиек и четири меѓународни од Обединетото Кралство, Луксембург, Сан Марино и Норвешка, групата Лелек беше во водство. Тие добија максимални 12 поени од жирито од Сан Марино, Сплит, Луксембург и Норвешка.
Високо се пласираа и Стела Раде, која доби 12 поени од жирито од Риека и Загреб, и Колд Снеп со 12 поени од жирито од Осиек. Жирито од Обединетото Кралство го додели максималниот број поени на пејачката Ноел.
Конечната одлука ја донесе публиката преку телефонски повици и СМС пораки. И тие најмногу ја поддржаа групата Лелек, доделувајќи им убедливи 96 поени. На второ место според гласовите на публиката се пласираше Cold Snap со 70 поени, додека Стела Раде беше трета со 47 поени. Собраниот број на поени од жирито и публиката ја потврди победата на Лелек.
Во финалето на Дора учествуваа 16 изведувачи, кои го обезбедија своето место преку двете полуфинални вечери.


