ДИГИТАЛНА ИНКЛУЗИЈА – Македонското Брајово писмо достапно за сите корисници на Android

Слепите и лицата со оштетен вид добиваат полесен пристап до дигитални услуги и апликации.

ДИГИТАЛНА ИНКЛУЗИЈА – Македонското Брајово писмо достапно за сите корисници на Android
Фото: Принтскрин

Македонското Брајово писмо сега е поддржано на Android преку апликацијата „Advance Braille Keyboard“. Ова значи дека слепите и лицата со оштетен вид ќе можат директно да користат македонска Брајова тастатура на своите мобилни уреди, без ограничувања.

Според Кристијан Лазарев, специјалист за пристапност и инклузија, ова овозможува побогато и поинклузивно искуство за корисниците, што претходно не беше можно со другите решенија.

Ова е важен чекор кон дигитална инклузија во Македонија, овозможувајќи еднаков пристап до апликации, услуги и комуникација за сите, без разлика на физичките можности.

CATEGORIES
Share This