ОЛИМПИСКИ ИГРИ БОРБА ЗА МЕДАЛИ, И ЗА КОНДОМИ – 10.000 бесплатни кондоми за 3.000 спортисти, залихите исчезнаа за три дена
Организаторите најавуваат дополнителни испораки и континуирано надополнување до крајот на Игрите.

Минатиот викенд, спортистите во Олимпиското село во Италија се соочија со необичен проблем и останаа без бесплатни кондоми, што предизвика мини-скандал во медиумите. Италијанскиот весник La Stampa објави дека првичните 10.000 презерватива за околу 3.000 атлети биле потрошени за само три дена.
Откако веста стана вирална, организаторите се огласија и уверија дека:
„Залихите на кондоми беа привремено потрошени поради поголема побарувачка од очекуваната. Дополнителни залихи ќе бидат доставени и дистрибуирани низ селата денес и понеделник, и ќе се надополнуваат до крајот на Игрите за да се обезбеди постојана достапност.“
Пред почетокот на Игрите, шпанската уметничка лизгачка Оливиа Смарт објави видео со презервативите на рафтовите во селото, што предизвика реакции меѓу јавноста. Градоначалникот на Милано, Атилио Фонтана, потврди дека обезбедувањето бесплатни кондоми е долгорочна олимписка пракса, започната уште во Сеул 1988 година, со цел да се подигне свесноста за сексуално преносливите болести и нивната превенција.
За споредба, на Летните олимписки игри во Париз 2024 година биле обезбедени 200.000 кондоми, што покажува дека на Зимските игри во Милано – Кортина 2026 побарувачката го надмина очекуваното.
Олимпиското село е познато по својата жива и бучна атмосфера, а современите правила повеќе не налагаат воздржување, како што било во минатото. Сега, освен битката за медалите, спортистите се „бореа“ и за кондоми, со цел важниот Валентајн да биде безбедно прославен.


