„Тројца претседатели на европски држави и еден премиер ми кажаа дека во БиХ била префрлена британска единица од четириесетина војници со наредба не да ме уапси, туку да ме „ѕвекнат со приказната дека сум пружал отпор“. Очигледно на мафијашки начин. Човекот е проблем. Ако нема човек нема ни проблем. Не се повлекоа, ама молчат“ – рече Додик.
Тој додаде дека странците од Брисел му предлагале да се тргне.
„Тој филм нема да го гледаат. Нема да се тргнам ни под услов НАТО да дојде да ме апси, рече Додик.
Претходно во гостувањето на РТРС (среда, 16.04) Додик изјави дека се чувствува побезбедно во која било друга земја освен во Босна и Херцеговина, но дека, пред се, чувствува задоволство затоа што знае дека е во право и дека со голема волја и енергија се брани од неправдата. И пред пресудата на неуставниот суд се чувствувал небезбеден во БиХ.
„Јас сум човекот кој имал најголем број закани досега во Босна и Херцеговина, и од луѓе од Босна и однадвор кои, мотивирани од политичкиот ислам, ми се закануваа мене и на моето семејство“ – изјави Додик.
Додик уште рече дека му судела Сена Узуновиќ, „која ги одобрила убиствата на Србите и која била изведена на суд преку АИД за да им суди на Србите“.
„Тогаш таа го пречека Милорад Додик. Секако дека ќе судеше, ништо друго не очекував, но ме интересира зошто тогаш од нас бараше разни отстапки за себе и за своето семејство, токму во моментот на пресудата. За тоа ќе разговараме еден ден“ – рече Додик.
Додик искажа задоволство затоа што знае дека е во право и дека му е полесно да се брани од неправдата што му е направена нему, на луѓето околу него и на Република Српска.
„Ова го правам со волја и енергија каква што немав некое време. Не сум уморен бидејќи чувствувам дека сум на првата линија на вистината, правдата и што е најважно на страната на луѓето кои живеат овде“ – потенцираше Додик.


