СООБРАЌАЈОТ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ – Забрана за камиони и автобуси кон Попова Шапка, патиштата влажни
Пуштен сообраќајот на регионалниот пат Кичево – Гостивар кај влезот за село Колари

АМС известува деак на регионналниот пат Кичево-Гостивар, кај влез за с.Колари сообраќајот е пуштен и се одвива нормално во двата правца.
Забрана за сообраќај е воведена од 07:45ч на патниот правец Тетово – Попова Шапка на тешки товарни возила и автобуси поради врнежи од снег.
Инаку, денеска (15.02) сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.
АМСМ потсетува дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сезонски режим на сообраќајот важи за патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица каде од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.


