СУБВЕНЦИИ НАМАЛЕНИ ЗА 40 МИЛИОНИ ЕВРА – Филипче ја критикува владата
Земјоделците ќе добиваат помала поддршка, а помалите лозја нема да можат да аплицираат за субвенции, предупредува претседателот на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, по повод празникот Св. Трифун, присуствуваше на традиционалното закројување на лозје во село Моклишта, Кавадарци. Од таму тој им упати честитки на лозарите, но истовремено изрази сериозни критики кон владините политики во земјоделството.
Филипче посочи дека владата ја намалила поддршката за земјоделците за 40 милиони евра, вклучително и за лозарите. Тој оцени дека ова е дел од генералниот пристап на власта кон земјата „крадци, пљачка и незаинтересираност за луѓето“. Според него, намалувањето на субвенциите од 140 на 100 милиони евра значи дека земјоделците нема да добијат доволна поддршка како во времето на владата на СДСМ.
Тој нагласи и дека владата ја зголемила минималната површина земја која треба да се обработува за да се аплицира за субвенции, од 0,2 на 0,5 хектари, што ги исклучува помалите земјоделци.
Филипче реагираше и на одбивањето на предлог-законот на СДСМ за зголемување на откупната цена на грозјето, како и на новите обврски за средните винарии. Според него, тие се принудени да продаваат 30% од грозјето на најголемите винарии за да добијат субвенции, што, како што рече, помага само на една или две големи компании, а не на лозарите кои работат на терен.


