ВРАТИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ ЗА СЕКОЈ – Генерален реизбор во општинските комитети, шанса за членови и активисти

Пријавувањето трае до 19 февруари, а јавниот повик е објавен на официјалниот сајт на партијата.

ВРАТИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ ЗА СЕКОЈ – Генерален реизбор во општинските комитети, шанса за членови и активисти
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е жива и динамична структура која постојано расте, се надоградува и се развива. Таа е победничка партија бидејќи е отворена за нова енергија и свежи идеи.

На првата седница на Извршниот комитет, донесена е одлука за генерален реизбор на претседатели на 76 Општински комитети, како и на претседателите на Унијата на ветерани, Унијата на жени и Унијата на млади сили, информира генералниот секретар на партијата, Драган Ковачки.

„Ова е шанса за илјадници членови и активисти со визија, цел и знаење да придонесат кон развојот на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија. Потребни се луѓе со интегритет, кои обединуваат, сплотуваат членство и одговорно придонесуваат во креирањето политики кои ќе значат подобар и поквалитетен живот за сите граѓани“, истакнува Ковачки.

Сите граѓани кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ можат да се пријават најдоцна до 19 февруари. Јавниот повик е објавен на сајтот на партијата.

„Ова е одлична можност секој член да се приклучи со визија, храброст и одговорност. Секој кој вложува максимален напор, енергија, искуство и посветеност, кој е правичен и способен да ги води своите браќа и сестри кон нови победи, може активно да учествува во креирањето и носењето одлуки“.

Вратите се отворени за сите кои сакаат да бидат дел од победничкиот тим. Сега е време за заедничко делување и за доброто на ВМРО-ДПМНЕ и за доброто на Македонија, порача Ковачки.

CATEGORIES
Share This