ПАД НА ДОЛАРОТ – РАСТ НА ЕВРОТО, ШВАЈЦАРСКИОТ ФРАНК И ЗЛАТОТО Која е причината за ваквиот валутен тренд?
Доколку САД не успеат да ја стабилизираат својата економија во претстојниот период, евро може да продолжи да го освојува глобалниот пазар на валути, зајакнувајќи ја својата позиција како алтернатива на доларот во меѓународните финансиски текови

Евро продолжи да расте во однос на американскиот долар, забележувајќи пораст од 1,23% на вредност од 1,1500 долари, што е највисока вредност на евото во однос на доларот од ноември 2021 година. Овој тренд ја одразува продлабочената економска неизвесност и различните геополитички фактори кои влијаат на глобалните финансиски пазари.
Доларот падна на најниско ниво во последните три години, додека еврото, швајцарскиот франк продолжуваат да растат во однос на доларот, а расте и цената на златото.
Еврото забележа пораст од 1,23% на вредност од 1,1500 долари, што е највисока вредност на евото во однос на доларот од ноември 2021 година.
Швајцарскиот франк се зголеми за 1 отсто во однос на доларот на 0,8069 SFr, што е највисоко ниво во последните 10 години.
Златото порасна до нов рекорд од 3.385 долари за унца.
Како причина за ваквите валутни трендови, економските аналитичари ја посочуваат трговската војна помеѓу САД и Кина и додаваат дека американската економија може да се соочи со сериозни проблеми во следните месеци, што ги доведува во прашање перспективите за долгорочен раст на доларот. Доколку САД не успеат да ја стабилизираат својата економија во претстојниот период, евро може да продолжи да го освојува глобалниот пазар на валути, зајакнувајќи ја својата позиција како алтернатива на доларот во меѓународните финансиски текови – додаваат аналитичарите.

