МУСОВСКИ ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА – Спремен да дебитира за фудбалската репрезентација

Напаѓачот на Сиетл Сандерс започна итна постапка за македонски пасош

МУСОВСКИ ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА – Спремен да дебитира за фудбалската репрезентација
Фото: Принтскрин

Македонската фудбалска репрезентација може да добие значајно засилување за полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство, кое ќе се игра ова лето.

Станува збор за искусниот 30-годишен напаѓач Мусовски, кој игра во Сиетл Сандерс (САД). Роден во САД, но со македонско потекло, тој сега изрази желба да настапува за нашата репрезентација.

Поради тоа што тимот на Сиетл е на подготовки во Европа, Мусовски дојде во Македонија и започна итна постапка за добивање македонски пасош. Тој треба да ги заврши сите административни процедури за да може да дебитира за националниот тим, а времето е ограничено – полуфиналето против Данска е на 26 март во Копенхаген.

Минатата сезона, Мусовски постигна 16 гола на 34 натпревари за Сиетл. Во кариерата играл и за Реал Солт Лејк, Лас Вегас, Лос Анџелес и Рено, што го прави искусен и докажан центарфор за македонскиот тим.

CATEGORIES
Share This