ДОКТОР ЛАЗАРОВ АЛАРМИРА – Организирана група се претставува како просјаци и инвалиди во клиниките

Скриена мрежа околу клиничките на лажни просјаци и инвалиди кои земаат илјадници денари дневно

ДОКТОР ЛАЗАРОВ АЛАРМИРА – Организирана група се претставува како просјаци и инвалиди во клиниките
Фото. Социјални мрежи

Доктор Ненад Лазаров преку социјалната мрежа фејсбук јавно предупреди дека околу клиничките центри во Скопје дејствува организирана група луѓе кои, според него, се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, но всушност собираат значителни суми пари од граѓаните.

Најсиромашните луѓе што доаѓаат во клиниките, скромни и со многу маки, често стануваат жртви на овие хоштаплери. Тие глумат просјаци и инвалиди, но не се, и најверојатно делат од последните пари на граѓаните. Стратешки се распоредени низ клиниките.

„Ве молам, не давајте им ни денар. Целата мрежа е организирана, собираат илјадници денари дневно, дури и во локалните продавници и во црквата при клиниките. Пред неколку дена видов со свои очи како еден од нив собра 7000 денари! Доаѓаат и заминуваат со кола. Ако јас бев на власт, ова веднаш би се спречило и затворило за пример“, напиша доктор Лазаров.

CATEGORIES
TAGS
Share This